• Горан Упале
Прославениот поранешен српски репрезентативец Немања Матиќ имаше што да им каже на своите сограѓани пред почетокот на новата сезона во српската Mozzart Bet Суперлига.
Во Србија викендов почнуваат фудбалски возбудувања, a секако најголем број луѓе ги бодрат двата најголеми клуба Црвена Звезда и Партизан. И Немања Матиќ со нетрпение го очекува стартот на новата сезона, бидејќи поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Челзи има свој клуб во елитата, а тоа е тимот на Јединство Уб.
Актуелниот играч на Лион изјави дека на стадионот во Уб е дозволен само дресот на Јединство.
„Убљани, честитки за влезот во Суперлигата! Уживајте во сезоната!
Знам дека Црвена Звезда и Партизан имаат многу навивачи од Уб, но ако во следните две кола видам некој од Уб да навива против Јединство, не ми се јавувајте повеќе на улица.“ изјави Матиќ.
Јединство ќе има пеколен старт на сезоната, бидејќи в сабота на 20 јули од 20:00 часот гостува на „Маракана“, а само една недела подоцна во второто коло го пречекува Партизан.