Нема викенд-меч под рефлектори во новото коло на ПМФЛ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави термините за натпреварите кои за време на викендот ќе се играат во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во рамки на деветтата рунда.

Сите мечеви ќе се играат во ист термин. Пелистер ќе му биде домаќин на Тиквеш, Шкупи оди на мегдан со Брера, Воска го дочекува Работнички, Гостивар ќе се соочи со Беса, Вардар ќе игра со првакот Струга, додека Силекс ја пречекува Шкендија.

Сите натпревари од деветтата рунда ќе се играат во ист ден, тоа е 5 октомври, со почеток од 14:00 часот.