• Саше Љолес
Екипата на Абердин го освои Купот на Шкотска откако во финалето го совлада славниот Селтик по подобро изведување пенали и донесе огромна радост за своите навивачи.
Екс-тимот на нашиот Бојан Миовски во регуларното време одигра 1-1 со гигантот од Глазгов, а пенал-рулетот го затвори со конечни 4-3 и го донесе Куп-трофејот во своите витрини после пост од дури 35 години!
Голманот Митов одбрани два пенали на противничките играчи, а за поразот на крајот беа „виновни“ Малум МекГрегор и Алистер Џонсон. Селтик пропушти огромна шанса да ја освои фамозната „триплета“, затоа што веќе триумфираше во првенството и во Лига Купот.

