Нема термини и ФФМ одлучи да не се игра Суперкупот меѓу Вардар и Шкендија

Поради недостаток на термини и за да не се повтори ланското контунуирано одложување оваа сезона нема да се игра Суперкупот на Македонија во кој силите требаше да ги одмерат шампионот Вардар и Шкендија како победник на националниот куп. 

Според пропозициите на ФФМ овој натпревар треба да се одигра најдоцна седум дена пред стартот на сезоната, но Шкендија обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Лига Европа и има реална можност да продолжи и во баражот, па нема да има слободен термин оваа средба да се одигра пред 7 август. кога стартува новото првенство.

Минатата година Суперкупот меѓу Работнички и Вардар се одигра на 23 септември, а вардарци триумфираа по изведување на пенали.