Нема шега со Гостивар, пристигна и Фахрудин Ѓурѓевиќ!

Фудбалскиот клуб Гостивар со неверојатно темпо го работи зимскиот преоден рок, промовирајќи ново засилување со прволигашко искуство. 

Тимот е решен да се избори за место во ПМФЛ, па сега ново име во ростерот е Фахрудин Ѓурѓевиќ. 30-годишниот напаѓач доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров, каде што сезонава одигра 11 средби во првата лига, запишувајќи по гол и асистенција. 

Гостивар сериозно работи на засилување на одличниот ростер, па Ѓурѓевиќ е петто зимско засилување. Напаѓачот низ својата кариера настапуваше за Вардар, Македонија Ѓорче Петров ии Работнички во земјава, како и за Спартак од Србија, Звијезда од БиХ, а во Чешка играше за Варнсдорф и Храдец Кралове.

Претходно, гостиварчани ги донесоа Симе Христов, Рејан Абази, Гордијан Христовски и Фисник Зука.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.