ВИДЕО: Нема „сценарио 2017“ - Ајакс го надигра Утрехт и ја освои титулата во Ередивизие

Фудбалерите на Ајакс брзо ја заборавија болната елиминација од Тотенхем во Лигата на шампионите и во клучниот натпревар од домашниот шампионат не дозволија да им се повтори 2017 година и заслужено го грабнаа шампионскиот трофеј на Ередивизие. 

  • Извештај од натпреварот: 

Пред две години тимот од Амстердам беше на три бода до освојување на титулата, но во последното коло кикска против отпаднатиот Де Графшап, но не греши двапати и денес со победата над Утрехт од 4-1 ја доби трката со големиот ривал ПСВ Ајндховен и се закити со нов трофеј од холандското првенство. 

Мечот на „Јохан Кројф Арена“ започна со шок за домашните фанови, бидејќи Бусад донесе водство за Утрехт уште во првата минута, но сепак избраниците на Тен Хаг брзо се вратија во игра и со головите на Хунтелар (2), Дони Ван Де Бек и Тадиќ стигнаа до посакуваната победа и трите победа вредни титула. 

За разлика од Ајакс, ПСВ неочекувано загуби на гости кај АЗ Алкмар и со пораз од 1-0 го заврши домашниот шампионат.

  • Извештај од натпреварот: