Нема проширување на Лига 1, Амиен и Тулуз испаѓаат во понизок ранг

Фудбалската сезона во Франција беше прекината предвреме, а иако клубовите на кои им беше кажано дека испаѓаат испратија жалба, сепак, истата не им е прифатена и ќе мора да се помират со преселба во понизок ранг.

ПСЖ стана првак, а Амиен и Тулуз ќе бидат екипите кои одат во второлигашката конкуренција. Клубовите ја обжалија одлуката на Лига 1 и бараа проширување на лигата на 22 клуба догодина, но жалбата им е одбиена.

Вкупно 74,49% од членовите на Професионалното здужение на клубови гласале лигата да не се прошири и наредната сезона во Лига 1 да играат вкупно 20 клуба. На местото на Амиен и Тулуз во француската елита ќе патуваат Лориент и Ленс.