Нема попуст за „ѕвездите“: Вилијан мора во карантин, па потоа ќе дебитира за Коринтијанс

Трендот на враќање на бразиските ветерани во клубовите од оваа земја продолжува. Така во последните неколку дена Вилијан и Давид Луиз го напуштија Лондон и се вратија во Бразилерао. 

Коринтијанс го одложи дебито на поранешниот играч на Арсенал и Челзи, Вилијан, откако здравствените власти во Бразил се заканија дека дополнително ќе го казнат ако не го заврши 14-дневниот карантин по пристигнувањето од Англија.

Вилијан се врати во Бразил на први септември и тренираше со тимот, а синоќа требаше да дебитира против Атлетико Гојаненсе. Бразилскиот здравствен регулатор јавно објави дека играчот се согласил да влезе во Бразил и да биде ставен во карантин четиринаесет дена, бидејќи пристигнал од Англија.

Креативниот фудбалер се согласи да го раскине договорот со Арсенал и да остани дваесеттина милиони евра, само за да се врати во Коринтијанс.