ВИДЕО: Нема полош момент да се лизнеш - фудбалер на Волфсбург се посрамоти

Бундеслигашот Вофсбург претрпе домашен пораз од украински Шахтјор Доњецк со 1-2 во првиот осминафинален натпревар на Лига Европа. Дури и среќата им го сврте грбот на „волците“, посебно во последните мигови од првиот дел.

Имено, при 0-1 домашниот фудбалер Вегхорст се лизна при изведувањето на пеналот и топката заврши во десеттиот ред на трибината.

  • Промашениот пенал на Вегхорст против Шахтјор Доњецк:

Ако УЕФА даде „зелено светло“ за одигрување на натпреварот, реваншот треба да се игра во Харкив (Украина) следниот четврток.