Нема отказ за Артета, Арсенал има целосна доверба во шпанскиот стратег

Дел од англиските медиуми деновиве шпекулираа дека Микел Артета може да добие отказ доколку Арсенал не се пласира во финалето од Лигата на шампионите. 

Шпанскиот тренер повторно не успеа да освои ниту еден трофеј со „топчиите“, но управата има целосна доверба во него и нема намера да му врачи отказ. Челните лица на Арсенал се презадоволни од неговата работа и се убедени дека тој повторно ќе има успешна етапа со тимот, а за следната сезона се ветени и неколку солидни засилувања кои ќе ја збогатат ротацијата. 

Во Арсенал цврсто веруваат дека Артета е вистинскиот избор за клупата, а Шпанецот има и огромна поддршка од играчите кои постојано изјавуваат дека тој е вистински ментор и одличен пријател на сите во тимот.