Нема нов заразен во Премиер лигата, но во Чемпионшип се регистрирани осум позитивни

Четвртиот круг на тестирање во Премиер лигата и Чемпионшип, донесе неочекувано лоши резултати за второто по ранг натпреварување во Англија. 

Во Премиер лигата нема нов заразен, но во Чемпионшип регистрирани се дури осум позитивни тестови и сега бројката на заразени е зголемена на десет членови. Последното тестирање опфати скоро 300 фудбалери од 24-те клубови од Чемпионшип, а ЕФЛ потврди дека од десетте заразени фудбалери, осум се од различни тимови. 

Засега, само Престон потврди дека нивниот член Џејден Стокдил е заразен, додека останатите не се познати. 

Според последните информации, Премиер лигата треба да започне на 17 јуни, додека Чемпионшип една седмица порано.