Нема нов договор за напаѓачот, Калум Вилсон заминува од Њукасл!

Калум Вилсон повеќе не е член на Њукасл Јунајтед, соопшти англискиот клуб. Британските меидуми пишуваат дека Вилсон не успеал да се договори со челниците на „страчките“ за продолжување на договорот, што автоматски значи дека ќе бара нова средина. 

„Заедно минавме многу подеми и падови, но секогаш работевме за доброто на клубот. Бев горд што го носев овој дрес, особено оној со бројот девет. Сите убави работи доаѓаат до крајот, ви посакувам многу среќа и успеси“, напиша Вилсон. 

33-годишниот офанзивец беше член на Њукасл од 2020 година, а претходно играше за Борнмут, Тамворт и Ковентри. Во дресот на „страчките“ одигра 130 натпревари и постигна а449 голови. 

ФОТО/PHOTO: Newcastle United