Нема крај за проблемите на Флик, за ПСЖ ќе отпаднат уште две ѕвезди

Екипата на Баерн Минхен загуби на домашниот дуел со ПСЖ со 2-3, па во реваншот во Париз ќе мора да го кренат нивото за да дојдат до полуфиналето во Лигата на шампионите. 

Проблем за Ханси Флик беше без ѕвездите Левандовски и Гнабри на вчерашниот натпревар, а веројатно тие ќе го пропуштат и реваншот. На дуелот со парижани, во првиот дел од игра излегоа и Леон Горецка и Никлас Зуле, кои според најавите се повредиле. 

Двајцата фудбалери заработиле повреди на мускулите, со тоа што Горецка се очекува да се врати за десетина дена, а Зуле нема да биде на располагање на Флип барем три седмици.

Тоа значи дека уште два важни играчи отпаднаа од комбинација за реваншот со ПСЖ. Покрај нив, подолго недостигаат Даглас Коста и Корентин Толисо, а не беше комбинација ниту Марк Рока, па Флик ќе има тешка задача да го надмудри Почетино и да го поведе Баерн до полуфиналето.