• Саше Љолес
Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, доживеа незгодна повреда на мускулот на десната нога и ќе отсуствува од терените најмалку еден месец, јавуваат шпанските медиуми.
Откако биле извршени прегледите, било констатирано дека повредата е од посериозен карактер и препорачано е мирување од десетина дена, по што играчот од средниот ред ќе се врати на полесни тренинзи со тимот.
Повредата Диаз ја заработи на мечот против Реал Сосиедад и мораше да го напушти теренот уште во 25. минута, но неговиот тим сепак успеа да слави со 0-2 на тешкото гостување во Сан Себастијан.
Ова е нов проблем за тренерот Карло Анчелоти, затоа што Диаз се приклучи на „екипата“ повредени играчи, меѓу кои се Џуд Белингем, Давид Алаба, Дани Себаљос, Орелиен Чуамени и Едуардо Камавинга.