• Иван Димовски
ФИФА подготвува нов технолошки чекор за Светското првенство 2026. Официјално е потврдено дека ќе се изработат детални 3Д модели на сите 1.248 фудбалери кои ќе настапат на мундијалот, со цел дополнително унапредување на системот за полуавтоматски офсајд.
Со дигиталното моделирање на секој играч, вештачката интелигенција ќе може попрецизно да ја следи положбата на телото и да носи побрзи и поточни одлуки во спорните ситуации.
Од ФИФА веруваат дека ова ќе придонесе за намалување на судиските дилеми и поголема доверба во донесените одлуки на теренот.
Претседателот Џани Инфантино истакна дека ова е само еден дел од пошироката стратегија за модернизација на фудбалот, најавувајќи дека во иднина ќе следуваат уште поголеми инвестиции и примена на напредни технолошки решенија на најголемите натпреварувања.