Нема крај на грешките во ПЛ: Ливерпул пак даде гол од офсајд!? (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул успеа да го скрши отпорот на Борнмут (1-0), но голот на средбата за „црвените“ повторно како и во претходното коло беше постигнат од офсајд-позиција.

Садио Мане успеа со глава да ја стресе мрежата на гостинот на „Енфилд Роуд“, но љубителите на фудбалот повторно удрија по тимот кој се бори за титула во Премиер лигата. Социјалните мрежи „вријат“, а се обвинува дека тимот второ коло по ред дава гол од недозволена позиција.

Погледнете го погодокот на Садио Мане: