Нема крај на глупостите на Нејмар: Доби црвен картон за непотребен старт (ВИДЕО)

Нејмар и натаму ги полни насловните страници на светските весници и веб изданија со работи кои не се својствени за него. Најнапред ги менуваше фризурите, се појавуваше на забави, се караше со тренерот Тухел, а вечерва во последните минути од дуелот против Бордо заработи црвен картон.

Имено, Нејмар, кој веќе имаше еден жолт картон агресивно стартуваше врз гостинскиот резервист Адли и главниот судија Делажот му покажа втор жолт картон и пат кон соблекувалната.

Исклучувањето на Нејмар против Бордо: 

Бразилецот во најдобра опција може да добие еден натпревар суспензија и нема да игра на саботниот дуел против Дижон.