ВИДЕО: Нема крај на глупостите на Кепа – нова бламажа за гол на Саутемптон

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага продолжува со очајната форма во Премиер лигата. На натпреварот против Саутемптон, членот на Челзи направи нова грешка која донесе гол за противникот.

Чуварот на мрежата на „сините“ реагираше како вистински аматер, а не како најскапиот голман во историјата. Неговото невнимание го искористи Адамс, за да израмни на 2-2 во 57. минута од натпреварот.

За работите да бидат уште полоши по екипата предводена од Френк Лампард, „светците“ постигнаа погодок во надополнувањето и се изборија за големо реми.