Нема кам-бек во Барса, Нејмар потпишува до 2026 година!

Нејмар договор

Нејмар уште долго време ќе го носи дресот на Пари Сен Жермен. Новиот договор, кој Бразилецот се очекува да го потпише овој викенд, ќе му донесе 30 милиони по сезона до 2026 година.

Долго време се шпекулираше дека ѕвездата на францускиот гигант размислува да се врати во Барселона. Тоа можеше да се случи пред пандемијата, но сега финансиската криза го натера да остане на местото каде што игра од 2017 година.

Соработката на бразилскиот ас ќе му донесе голема заработка и во вид на бонуси. Особено голем е износот кој ќе го инкасира, ако ја однесе екипата до титулата во Лигата на шампионите.

ПСЖ преговара и со Килиан Мбапе, но со него договорот е далеку од склучување.