Нема испаѓање од турската Суперлига, елитата ќе се зголеми на 21 клуб

Драмата во завршницата на турскиот шампионат остана бескорисна, иако борбата за опстанок траеше до последното коло. Роберт Просинечки требаше да испадне од Суперлигата со својот Кајзериспор, исто како Малатијаспор и Анкарагучи. Сепак, последните информации од Турција велат дека се случи пресврт.

Имено, според водечките домашни медиуми, Турската фудбалска федерација донесе одлука дека нема да има испаѓање и елитата ќе брои дури 21 екипа следната сезона. Три промовирани екипи ќе се приклучат на осумнаесет прволигаши. Следната сезона бројот на клубови треба да се намали на 20, а во наредните години треба постепено да се враќа на 18 клубови.

Исто така, правилото за намалување на бројот на странци во секој тим (од 14 на осум) што требаше да се воведе од  оваа есен, преместено е за сезоната 2021/22.