• Мартин Танасковски
Џенаро Гатузо на теренот беше вистински воин, таков е и на клупата и бара максимална дисциплина од играчите. Во моментов тренер е на Хајдук од Сплит, а се реши на радикален потег.
Имено, хрватските медиуми јавуваат дека Гатузо ја отстранил од екипата првата ѕвезда на тимот Иван Перишиќ. Крилниот играч дојде во Сплит со големи очекувања, меѓутоа, нема да биде во тимот на следниот меч.
Не е познато кога Перишиќ ќе се врати во тимот на Хајдук. Исто така претходниот меч за сплитќани го пропушти екс-играчот на Работнички, Емир Сахити, само затоа што задоцнил на тренинг.