Нема играчки со Баерн, купува нов стадион за само 7,5 милиони евра

Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен, е во напредни преговори за купување на стадионот на третолигашот Унтерахинг, објавија повеќе германски медиуми.

Според информациите, Баерн разгледува можност да го преземе спортскиот комплекс „Спортпарк Унтерхахинг“, кој има капацитет од околу 15.000 гледачи, за сума од приближно 7,5 милиони евра.

Намерата е стадионот да стане нов дом за женската екипа на Баерн и младинските тимови, кои моментално настапуваат на тренинг-кампусот во Минхен, кој „собира“ околу 2.500 посетители.

Од клубот сè уште нема официјална потврда за трансакцијата, но извори блиски до преговорите потврдуваат дека разговорите се во напредна фаза. Сепак, потенцијалната продажба бара согласност и од општината Унтерхахинг, која е формален сопственик на стадионот.

„Разговараме со Баерн за можности за соработка, но засега ништо не е финализирано,“ изјавил претставник на локалниот совет за германските медиуми.

Со овој потег, Баерн сака да обезбеди модерен и поголем простор за развој на женскиот фудбал и младинските категории, најмногу поради брзорастечкиот интерес за овие конкуренции. 

Ако преговорите завршат успешно, се очекува стадионот во Унтерхахинг да добие и нов изглед и модернизација, со цел да ги исполни стандардите на Бундеслигата за жени и за натпревари во младинските категории.