„Нема граници за нас“: Шкендија Арачиново ќе гради нов стадион (ФОТО)

Новиот македонски прволигаш Шкендија Арачиново испрати амбициозна порака пред почетокот на новата сезона, најавувајќи дека клубот има големи планови и дека неговата приказна допрва ќе се развива.

Преку објава на социјалните мрежи, од клубот порачаа дека Шкендија Арачиново ќе продолжи да „сјае силно“, ќе остане во елитата на македонскиот фудбал и нема да дозволи никој да го сопре нејзиниот развој.

Во пораката се најавуваат и сериозни проекти за иднината. Изградба на стадион, формирање на силен тим и европски стручен штаб, со јасна порака дека „нема граници за Шкендија“.

Шкендија Арачиново оваа сезона за првпат ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, откако во мај го елиминира Пелистер во баражот во Кавадарци.