ВИДЕО: Нема фудбал, нема проблем - навивачите на Ајнтрахт имаа „резервно решение“

Салцбург Ајнтрахт

Невремето и силниот ветер го одложи натпреварот од нокаут фазата меѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт.

Голем број гостински навивачи пристигнаа во Австрија за да го бодрат својот тим. Кога дознаа дека мечот нема да се одигра, не беа разочарани, бидејќи имаа што да прават и максимално го искористија ова гостување.

Имено, тие одлучија да го следат натпреварот во хокеј на мраз меѓу вториот тим на Салцбург и Клагенфурт. Секако, нивната поддршка беше насочена кон гостинскиот тим.

Овој чекор го направија околу 1.000 навивачи од Франкфурт:

Натпреварот меѓу Салцбург и Ајнтрахт ќе се одигра денес од 18:00 часот. Германците на првиот натпревар славеа со 4-0.