Нема екипи без победа: Каљари со деби-радост избега од опасната зона (ВИДЕО)

Екипата на Каљари по осум кола ја забележа првата радост во Серија А, славеше на домашен терен над Сампдорија (3-1) и со тоа нема веќе екипи кои се без ниту една победа во најквалитетното италијанско фудбалско првенство.

  • Извештај од натпреварот:

Тимот од Сардинија пред својата публика прокнижи важни три бода. До посакуваниот резултат се дојде на јужноамерикански погон затоа што трите гола за домашните ги постигнаа играчи од тој континент.

Двоен стрелец за победничката екипа беше Бразилецот Жоао Педро кој во мрежата на Аудеро стрелаше во 4. и 94. минута, а еднаш погоди и искусниот уругвајски бек Мартин Касерес. Единствениот погодок за гостинот од Џенова го постигна Мортен Торсби, за намалување на негативата на 2-1.

Овој меч порано од предвиденото заврши и за тренерот Д'Аверса од Сампдорија кој поцрвене поради протести. Каљари во следното коло гостува кај Фиорентина, додека Сампдорија ќе се соочи со Специја.

Состави

Walter Mazzarri

4-4-2

    Роберто Д’Аверса

    4-4-2