• Иван Димовски
Динамо Загреб по поразите од Хајдук (1-0) и дебаклот против Баерн Минхен (9-2) во Лигата на шампионите му врачи отказ на тренерот Сергеј Јакировиќ.
Иако досега вршеше солидна работа, овие два порази му пресудија и клубот се реши за смена. Тоа значи дека Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе добијат нов предводник и тоа многу брзо. Привремено решение за клупата ќе биде Сандро Перковиќ.
Веќе се споменуваат неколку имиња за потенцијални наследници на Јакировиќ. Сон на Динамо е Нико Ковач кој е скап, но и сака да работи во најсилните лиги во Европа. Високо оценет е и Матијаш Кек, словенечкиот селектор кој исто така би имал високи барања.
Освен нив, се споменува и потенцијален кам-бек на Ненад Бјелица, кружи и името на Жељко Шопиќ, а низ јавноста се вртат и имиња како Славен Билиќ, Игор Штимац...