Неколку клубови го сакаат Свилар, проблем е цената што ја бара Рома!

Италијанските медуми пишуваат дека повеќе европски гиганти се силно заинтересирани за услугите на голманот Миле Свилар, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар чувар на мрежата во Серија А. 

Свилар неодамна потпиша нов договор со „волчицата“, што автоматски значи дека клубот нема лесно да се откаже од него и ќе бара голема отштета за евентуален трансфер. Во моментов, како најсериозен кандидат се споменува италијанскиот Интер, но Рома сигурно нема да се задоволи со сума помала од 45 милиони евра. Актуелниот лидер во Серија А бара соодветна замена за Јан Зомер, кој најверојатно ќе го напушти Милано по истекот на сезоната. 

„Нероаѕурите“ се познати по тоа што не трошат големи средства за трансфери, па затоа оваа опција изгледа прилично тешка за остварување. Сепак, постои шанса за договор со римјаните околу намалување на сумата и евентуална исплата на неколку рати. 

Освен од Интер, интерес за Свилар има и од два неименувани премиерлигаши кои сигурно не би имале проблем да платат поголеми средства за да го видат во своите редови. Останува да се види дали голманот ќе сака да премине на Островот или ќе остане во Италија, каде веќе има успешна и етаблирана кариера. 

Свилар ја започна својата авантура во редовите на Андерлехт, а во Рома пристигна од екипата на Бенфика. Во дресот на „волчицата“ досега одигра 82 првенствени натпревари.