Некој, некаде погреши? Лаказет е нов фудбалер на Барселона 

Во моментите кога сите очекуваат презентација на Антоан Гризман како нов член на Барселона, од Каталонија доаѓа неочекувана вест, поврзана со ново засилување на шпанскиот шампиони. 

Веројатно некој, некаде погреши, но Александр Лаказет има свој профил на официјалниот интернет сајт на Барселона. Утрово, на изненадување на фановите името на францускиот голгетер се најде меѓу членовите на Барселона, а сè уште не е разјаснето дали се работи за техничка грешка или пак за прерано објавена информација. 

Лаказет пред две сезони од Лион се пресели во редовите на Арсенал, каде заедно со Обамејанг се лидери во нападот. Досега за „топџиите“ има одиграно 67 натпревари, а 27 пати се запиша во листата на стрелците.