ВИДЕО: Некој друг Лукаку - Белгија на погонот на ѕвездата на Јунајтед ја среди Швајцарија!

Репрезентацијата на Белгија запиша нова победа во новоформираното натпреварување на УЕФА, Лигата на нации и по триумфот над Исланд во првото коло, вечерва со минимални 2-1 славеше над Швајцарија. 

Третата селекција од последниот Мундијал во Русија пред своите фанови во Брисел истрча со најсилен состав, а главна ѕвезда на мечот беше напаѓачот Ромалу Лукаку. Корпулентниот голгетер можеби не игра во посакуваната форма во дресот на Манчестер Јунајтед, нема постигнато гол скоро еден месец, но за својата селекција секогаш е на вистинското место во вистинско време.

Вечерва, 25-годишниот бивш член на Челзи и Евертон одлично ја искористи асистенцијата на Мертенс и од непосредна близина со силен удар успеа да го совлада Сомер и да донесе заслужено водство за својата селекција од 1-0.  

Сепак, радоста на домашните фанови кратко траеше, бидејќи Гаврановиќ ја искористи грешката на комлетната дефанзива на „ѓаволите“ и од неколку метри ја затресе мрежата на Куртоа за израмнување на 1-1.

Но, Белгија во своите редови го имаше расположениот Лукаку, кој со втор гол во швајцарската мрежа донесе голема победа на Белгија од овој дуел. Ѕвездата на Јунајтед овој пат погоди по одлична тимска акција, која започна од дефанзивата, а заврши со перфектна асистенција на членот на Наполи, Дрис Мертенс, за конечни 2-1. 

Вечерва, во рамки од Лигата Б се одигра еден натпревар, во кој селекцијата на Австрија со голот на Арнаутовиќ славеше минимална победа над Северна Ирска од 1-0. За Австрија ова е прва победа во Лигата на нации и сега со три бода е на втората позиција во групата 3, додека Северна Ирска беа освоен бод е на последното место. 

УЕФА Лига на нации, Лига А, Гр. 2
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШвајцаријаШвајцарија 1 4 3 0 1 14:5 9 9
2 БелгијаБелгија 1 4 3 0 1 9:6 3 9
3 ИсландИсланд 4 0 0 4 1:13 -12 0