Некогашните асови на Јунајтед и Ливерпул потпишаа нови договори со Брајтон

Англиските фудбалери Џејмс Милнер и Дени Велбек потпишаа нови договори со челниците на Брајтон, објавено е на клупската веб-страница. Милнер (38) ја ветил својата лојалност до јуни 2025 година, а Велбек (33) до јуни 2026 година.

„Одушевен сум поради Џејмс и Дени, бидејќи и двајцата заслужуваат нови договори. Нивните квалитети како фудбалери и како луѓе се многу важни, така што ова е многу добра вест за нас“, изјави менаџерот на Брајтон, Италијанецот Роберто де Зерби.

Милнер минатото лето пристигна во Брајтон од Ливерпул, а сезонава одигра 20 натпревари во сите натпреварувања, на кои забележа и две асистенции.

Велбек пристигна во Брајтон од Вoтфорд во 2020 година и одигра 123 натпревари во сите натпреварувања за популарните „галеби“. Постигна 25 гола и запиша осум асистенции.