ВИДЕО: Некогашните асови на Барса донесоа прво овосезонскo славје на Бетис

Фудбалерите на Бетис, во првиот натпревар од петтото коло во шпанскиот фудбалски шампионат, го совладаа Леганес со сигурни 2-0, (0-0).

Гостите долго време одлично се држеа на стадионот „Бенито Виљамарин“, но поранешните фудбалери на Барселона, Абде Езалзули и Витор Роке во финишот го скршија отпорот на повратниците во друштвото на најдобрите.

Бедемот на гостите попушти дури во 74. минута, кога капитенот на домашните, Хектор Белерин проби по десната страна и проигра до Абде Езалзули, кој влезе во празниот простор и ја погоди мрежата на Леганес.

Вториот гол за домашниот тим го постигна Витор Роке, најголемото засилување на „зелено-белите“ летово, кој пристигна од Барселона. Абде шутираше, а по интервенцијата на гостинскиот голман Хуан Сориано, топката се одби право во ножгата на Роке и Бразилецот ги постави конечните 2-0.

Така, Леганес се враќа дома без бодови, додека Бетис ја забележа првата овосезонска победа во Примера.

Состави

Мануел Пелегрини

4-3-3

    Borja Jimenez

    4-2-3-1