• Мартин Танасковски

Ерменскиот фудбалер Тигран Барсегјан важи за еден од подобрите странци кои заиграле во македонскиот фудбал. Во моментов е член на Слован Братислава, тим во кој е главен играч.
Барсегјан погоди во плеј-офот за Лигата на шампионите и на словачкиот првак му донесе место во елитното друштво. Заради добрите партии, си доби и нов договор во времетраење од три години.
Тигран Барсегјан пристигна во Словачка во 2022 година. За Вардар играше од 2016 до 2018 година и на 54 натпревари постигна 20 гола.