Некогашниот креатор на играта на Реал и Тотенхем, Ван дер Варт потпиша за Мидтјиланд

Рафаел Ван дер Варт

Еден од најдобрите офанзивци во поновата историја на холандскиот фудбал, Рафаел ван дер Варт, својата фудбалска кариера одлучи да ја продолжи во Данска во тимот на Мидтјиланд.

Тој пред неколку дена се договори со данскиот прволигаш за соработка на две години, а тоа денес беше официјализирано. 

Ван дер Варт пред извесен период го напушти Бетис каде не ги оправда очекувањата, па се одлучи да премине во помал клуб. Вреди да се напомене дека во овој град престојува и негова девојка Еставана Полман, која настапува за тимот на Ејсберг. 

 

Powertraining donetime to practice some football skills @lauravdheijden @emilysando

A video posted by Estavana Polman (@estavana) on