• Мартин Танасковски
Малага повторно е дел од шпанската фудбалска елита. Андалузискиот клуб обезбеди враќање во Ла Лига по осумгодишно отсуство, откако славеше на гостувањето кај Алмерија (2-1) во рамки на баражот и го комплетираше големото враќање меѓу најдобрите.
Приказната на Малага е една од најемотивните во шпанскиот фудбал. Пред 14 години клубот настапуваше во Лигата на шампионите и стигна до четвртфиналето на елитното натпреварување, додека пред само четири години се натпреваруваше во третото ниво на шпанскиот фудбал, Примера РФЕФ откако претходно доживеа финансиски колапс.
Сезоната не започна најдобро за Малага, а по 11 кола тимот се наоѓаше во сериозна резултатска криза. Сепак, клубот успеа да се издигне над проблемите, а навивачите ниту во најтешките моменти не престанаа да веруваат во враќањето на својот тим.
Денес, Малага повторно сонува големи работи. Осум години по испаѓањето од Ла Лига, славниот клуб повторно ќе игра против најдобрите шпански екипи и ќе се обиде да отвори ново успешно поглавје во својата богата историја.





