• Зоран Мишевски
Поранешниот талент од школата на Барселона, Жефрен Суарез е замената за Никола Ѓорѓев во швајцарскиот Грасхоперс. Имено, денес кога Твенте ја потврди двегодишната позајмица на Ѓорѓев, „скакулците“ од Цирих го претставија новото засилување.
29-годишниот Жефрен од белгиски Еупен мина во Грасхоперс и потпиша договор на две сезони. Овој фудбалер кратко беше во сениорскиот тим на Барса, па потпиша за Спортинг Лисабон и Ваљадолид.
Со промоцијата на Жефрен, Грасхоперс обелодени дека потпиша и со Марко Ѓуришиќ и Сулејман Диавара.