• Мартин Танасковски
Легендарниот словенечки фудбалер Јосип Иличиќ нема среќа и како што најавуваат медиумите ја заврши авантурата во татковината каде играше за Марибор.
Иличиќ, кој се врати во Марибор од Серија А каде играше за Аталанта, но падна во депресија и никако не му одеше најдобро, потпиша договор со клубот три сезони. Требаше да биде големо засилување, ама ја завршил авантурата.
Пред два дена Марибор гостуваше кај Олимпија во Љубљана, а дербито го загуби со 1-2. Иличиќ влезе од клупа во 76. минута, немаше големи шанси за гол, а разочарал и со неговото однесување.
Според изјавите на тренерот Дамир Кржнар, тој лошо влијаел на тимот и ја расипал атмосферата во екипата. 35-годишникот добил „шут-карта“, а останува да видиме кој ќе биде неговиот следен чекор.