Некогашен талент на Шкупи го засили нападот на Беласица

Во пресрет на почетокот на новата сезона Беласица во своите редови доведе уште еден млад фудбалер кој треба да биде освежување во ростерот на тренерот Александар Стојанов.

Во Струмица се пресели Талха Идризи, 20-годишен фудбалер од нападот кој може одлично да одговори на крилните позиции.

Тој потекнува од школата на Шкупи, а последно беше дел од шампионот на Косово, Балкани, но како позајмен фудбалер играше во екипата на Велазними 1927 Ѓаково, која е дел од втората по ранг лига во Косово.