Некогашен ас на Јуве, Интер и Барса осомничен за сексуален напад врз 22-годишна девојка

Чилеанската фудбалска ѕвезда Артуро Видал и неговите соиграчи од Коло Коло се осомничени за сексуален напад врз жена на забава, соопшти државното правобранителство во Сантијаго де Чиле
Во кусото соопштение, обвинителството објави дека постои дојава за сексуален напад, насочен кон играчите на Коло Кол, вклучително и Видал, но засега никој не е уапсен. Имињата на другите инволвирани играчи не се објавени.

Според извештаите на локалните медиуми, сексуалниот напад се случил во раните утрински часови во понеделникот во ноќен клуб во Сантијаго, каде група играчи на Коло Кола правеле забава. Како што јави Радио АДН, неименуваната 22-годишната девојка тврди дека била дрогирана во бар во областа Витакура во Сантијаго.

Полицискиот полковник Херардо Аравена изјави дека 37-годишниот Видал бил донесен во полициска станица за проверка на идентитетот. Тој додаде дека ова е стандардна полициска процедура кога едно лице е осомничено дека сторило или се обидело да изврши кривично дело. Видал забележа 142 настапи за чилеанската репрезентација и постигна 34 гола, а во кариерата играше за Барселона, Баерн Минхен, Интер и Јувентус. Тој е во Коло Коло од јануари годинава.