Некогаш беше суперталент, а сега е прекуброен во второлигаш

Фудбалската кариера често знае да не се движи по посакуваниот пат. Тоа на својата кожа го почувствува Гаел Какута, кој важеше за еден од најталентираните европски фудбалери, но сега се мачи да игра во второлигаш.

Тој е дел од Рајо Ваљекано, тимот на Столе Димитриевски кој во новата сезона ќе игра во Сегунда. Но, Какута моментално е прекуброен и не е во плановите на тренерот Пако Хемес.

Какута, кој има 28 години, ги мина сите младински категории на Франција, а потоа реши да игра за репрезентацијата на ДР Конго. 

Крилото од 2009 до 2015 беше дел од Челзи, а низ годините мина многу позајмици, во Фулам, Болтон, Витезе, Лацио, Дижон... Играше и за Севиља и кинески Хебеј, од каде за два милиони евра направи трансфер во Рајо Ваљекано.