• Иван Димовски
Екс-фудбалерот на Манчестер Сити и поранешен француски репрезентативец, Бенџамин Менди ја продолжува кариерата во Полска, откако потпиша договор со прволигашот Погон.
Левиот бек има 31 година, а во 2017 година беше платен 57,5 милиони евра од Сити, што тогаш претставуваше најскап трансфер за играч на неговата позиција. Кариерата на Менди доживеа голем удар во 2021 година кога беше обвинет за повеќе силувања, поради што две години не играше фудбал додека ја докажуваше својата невиност, а дури беше и во затвор.
По враќањето на терените настапуваше за Лориен и Цирих, а сега ќе има нов предизвик во полскиот шампионат. Тој беше дел од златната генерација на Франција која стана светски првак во 2018 година, со Манчестер Сити трипати ја освои Премиерлигата, а претходно со Монако беше шампион и во Лига 1.

