Нека не ве чуди што сакаа Суперлига, еве колку се должни 12-те „одметници“

12 клубови го изненадија светот на фудбалот откако пред неколку денови објавија дека ќе играат ново натпреварување, наречено Суперлига. Планот беше да се отстапи од УЕФА и во затворен систем да се заработат милијарди, со што клубовите значително ќе ги наполнат своите каси. 

Сепак, планот се изјалови по бурните реакции на фановите, медиумите, спортските работници и челните федерации, па клубовите отстапија од идејата. Не треба да чуди зошто 12-те „одметници“ сакаа да играат во супер-профитабилна лига. Дел од нив должат преку милијарда евра. 

На врвот се англиските екипи Челзи кој должи една ипол милијарда, додека Тотенхем го следи со 1.280.000.000 евра долгови. Ниту Барселона и Реал не се далеку, каталонскиот клуб има дефицит од 1.173.000.000, додека „кралевите“ се во минус од 908 милиони евра. Над 500 милиони долгови имаат и Манчестер Јунајтед и Интер, додека најниско котираат Арсенал и Милан. 

Суперлигата ќе донесеше огромни приходи за клубовите, но таа нема да се случи според планот. Сепак, УЕФА најави поголеми добивки и преку Лигата на шампионите, која од 2024 ќе добие нов формат.