ВИДЕО: Нека биде и вечерва како во 1999 година - Како Ставревски на денешен ден ги „замрзна“ Ирците!

Се играше последното коло од квалификациите за Европското првенство во Холандија и Белгија, а во центарот на вниманието беше мечот на Хрватска и Србија. Но расплет од тој меч чекаше и Република Ирска која гостуваше во Скопје и играше против Македонија на која бодовите не му значеа многу со оглед на заостанувањето во групата. И кога Квин ги доведе Ирците во водство, се чини дека нашиот пораз беше неминовен. Но, по последниот корнер на средбата дефанзивецот Горан Ставревски ја закова топката во мрежата и ги постави финалните 1-1 за очај на нашите противници.

Нека биде така и вечерва против Италијанците кои како огромни фаворити вчера пристигнаа во Скопје.