Нејмар заради суспензија го пропушта Светското првенство!?

Нејмар повторно се најде во центарот на контроверзи, откако неговите реакции по натпреварот во бразилското првенство може сериозно да влијаат врз продолжението на неговата кариера во репрезентацијата.

Ѕвездата на Сантос се соочува со можност за подолга суспензија поради коментарите упатени кон судијата Савио Переира Сампајо по натпреварот против Ремо. И покрај победата од 2-0, Нејмар не го криеше незадоволството од судењето.

Бразилецот доби трет жолт картон во четири натпревари, што автоматски значи дека ќе го пропушти следниот дуел против Фламенго. Сепак, најголемо внимание предизвика неговата изјава по мечот, во која остро го критикуваше арбитерот.

„Секогаш е исто… неправедно е. Ме соборија од0зади и ништо не беше досудено. Само му пријдов да се пожалам и му реков: ‘Дали си луд?’, но ме игнорираше. Мислам дека станал на погрешна нога“, изјави Нејмар.

Овие зборови предизвикаа негативни реакции во фудбалската јавност, а Бразилската фудбалска конфедерација преку својот дисциплински комитет веќе разгледува можност за строга санкција. Според најавите, можно е напаѓачот да биде суспендиран дури до 12 натпревари.

Целиот случај доаѓа во чувствителен период за 34-годишниот фудбалер, кој се обидува да ја врати формата по неколку сезони обележани со повреди. Иако во дресот на Сантос има солиден старт со три гола и три асистенции на шест натпревари, ваквите инциденти може да го искомплицираат неговото враќање во националниот тим на Бразил.