Нејмар за лудата прослава во лицето на Кимих: Судбината го постави таму бидејќи... (ВИДЕО)

Кимих

ПСЖ втора сезона во низа ќе игра во полуфиналната фаза од Лигата на шампионите. Избраниците на Маурицио Почетино го срушија европскиот првак Баерн Минхен и обезбедија место меѓу најдобрата четворка.

Тоа го направија благодарение на победата на гости на „Алијанц Арена“ со 2-3. Овој резултат им овозможи да играат полуфинале и покрај минималниот пораз на домашен терен.

Нејмар и Паредес бурно прославија по последниот судиски свиреж и тоа пред Џошуа Кимих. 

„Навистина не сакав да го провоцирам. Повеќе ми значеше што го видов Лео. Судбината само го стави Кимих на тоа место. Тој кажа дека неговиот тим е подобар, дека ќе победи. Беше сигурен пред мечот дека ќе се пласираат во полуфиналето...“

ПСЖ ќе го чека исходот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд за да ја дознае последната пречка пред големото финале.