Нејмар во свој стил: На првиот тренинг во Сантос дојде со – хеликоптер! (ВИДЕО)

Бразилската ѕвезда Нејмар се врати во родната земја и потпиша пак со клубот од својата младост Сантос

Искусниот напаѓач имаше проблематичен период во Ал-Хилал каде што главно беше повреден и не одигра практично ништо. Поради тоа Саудијците решија да се ослободат од Нејмар кој се врати во матичниот клуб. 

Тој првпат се појави на тренинг на Сантос, а ниту тоа не мина без спектакл. Нејмар на тренингот пристигна со хеликоптер кој слета на еден од помошните терени. 

Околу теренот за транинг имаше и доста навивачи кои го скандираа неговото име, а сите колективно беа изненадени од начинот на пристигнување на Нејмар.