Нејмар влегол во жесток конфликт со помладите соиграчи од Сантос?

Бразилската ѕвезда Нејмар постигна два гола во ремито на Сантос против Чапекоенсе (2-2) во 20. коло од бразилското првенство, но по натпреварот повторно се најде во фокусот поради наводен конфликт со соиграчите.

Според бразилскиот „Глобо“, искусниот напаѓач на полувремето влегол во жестока расправија со Габриел Бонтемпо и Жоао Ананијас, а критиките продолжиле и по крајот на натпреварот.

Сепак, двајцата фудбалери ги демантираа ваквите информации. Бонтемпо изјави дека станувало збор за вообичаена критика упатена до целиот тим, додека Ананијас нагласи дека немало никаков конфликт, туку нормален разговор во соблекувалната.

Од таборот на Нејмар не ги коментираа написите, а Сантос не излезе со официјален став. Иако медиумите потсетуваат на претходни слични шпекулации, ниту еден од тие инциденти досега не е официјално потврден од клубот.

Има и извори што велат дека расправијата во соблекувалната била жестока, но потоа имало колективен меѓусебен договор за ништо да не биде споделено со јавноста.