• Иван Димовски
Фудбалерите на Сантос одиграа 1-1 против Мирасол и ја пропуштија шансата да избегаат од зоната на најзагрозените пред самиот финиш на сезоната во бразилската Серија А.
Стрелец на единствениот гол за Сантос беше Нејмар уште во четвртата минута, откако ја казни катастрофалната реакција на одбраната на Мирасол по изведен корнер и искористи додавање од својата половина. Во ситуацијата еден на еден со голманот остана смирен и прецизен, па го постигна својот прв гол по три месеци и вкупно четврти оваа сезона во бразилскиот шампионат.
Честите повреди го извадија од ритам и влијаеја врз неговиот скромен учинок, но за клубот и навивачите најважно е што повторно проработе во момент кога Сантос влегува во најкритичниот дел од сезоната. Интересно е дека пред само неколку денови бразилскиот селектор Карло Анчелоти откри дека Нејмар не е „прецртан“ за настап на Мундијалот, а тој веднаш одговори со гол.
<<< - ПОВРЗАНО - Анчелоти не ја затвара вратата на репрезентацијата за Нејмар!


