• Иван Димовски
Сантош запиша нов пораз во домашниот шампионат, овој пат на домашен терен со 0-1 против Ботафого, а натпреварот повторно мина во знакот на Нејмар, но не по добро.
Најголемата ѕвезда на бразилскиот гигант доби црвен картон во 76. минута, откако се обиде на несекојдневен начин да го отвори резултатот. Наместо со глава или нога, Нејмар реши да ја прати топката во мрежата со рака, налик на прочуената „Божја рака“ на Марадона. Судијата веднаш го забележа прекршокот и му додели втор жолт картон.
Dia 701 - Neymar fazendo gol de mãopic.twitter.com/664Y8vnidn
— Todo dia um momento bizarro do futebol (@bizarrofut) June 1, 2025
Сантош со играч помалку немаше сили да издржи до крајот, па во 86. минута прими погодок за минимален триумф на Ботафого. Ова беше 16-ти црвен картон за Нејмар во неговата кариера.







