Нејмар славеше роденден и доби стомачен вирус, па нема да игра на „Велодром“?

Нејмар

Француските медиуми пишуваат дека Нејмар би можел да го пропушти големото дерби против Олимпик Марсеј.

Бразилецот го славеше својот 29. роденден, а поради стомачен вирус многу веројатно нема да биде дел од експедицијата на Маурицио Почетино. Ова е исклучително важен меч за ПСЖ, со оглед на ситуацијата на табелата, на која стои на третото место и има заостанување зад водечките Лил и Лион.

Последниот судир во Суперкупот им припадна на „принцевите“, но на првенственото соочување поуспешен беше тимот од „Велодром“. Мечот изобилуваше со тензични моменти, жолти и црвени картони.

Засега нема никаква потврда дека проблемите со стомакот на Нејмар се поврзани со неговата роденденска забава.

Дуелот Олимпик Марсеј - ПСЖ се игра в недела со почеток од 21:00 часот.