Нејмар сериозно повреден, Бразилците стравуваат дека Мундијалот заврши за првата ѕвезда

Бразилецот Нејмар не се прослави, како некои од соиграчите во натпреварот против Србија на Светското првенство во Катар, туку предвреме отиде во соблекувалната поради повреда, пренесуваат бразилските медиуми.

Бразил ја совлада Србија со 2-0 во натпреварот од првото коло од групата Г на Светското првенство во Катар, а Нејмар беше заменет во 79. минута поради повреда на зглобот. Тој се повреди по еден дуел со српскиот стопер Никола Миленковиќ. Ексклузивни фотографии кои ги објави бразилски „Глобо“ покажуваат дека фудбалерот на Пари Сен Жермен плачел на клупата за резерви.

По натпреварот Нејмар го напушти теренот во придружба на лекар. Бразилските медиуми тврдат дека врз Нејмар во текот на ноќта ќе бидат извршени детални лекарски прегледи, по што ќе се знае степенот на повредата на играчот на ПСЖ.

Бразилските медиуми стравуваат дека Нејмар заработил тешка повреда и дека постои можност да ги пропушти преостанатите натпревари на Мундијалот.

Состави

Тите

4-1-4-1

    Драган Стојковиќ Пикси

    3-4-3